Селекторот на женската репрезентација Кирил Изов за натпреварот против Франција нема да може да смета на капитенката Наташа Андонова поради повреда, а Гентјана Рочи има суспензија од еден натпревар поради жолти картони.
Тоа значи дека женската селекција драстично ослабена влегува во пресметката со големиот фаворит.
-Имаме навистина големи проблеми со играчкиот кадар за овој натпревар. Покрај отсуството на Андонова и Рочи, не можеме да сметаме ниту на Романа Трајковска и Маја Ангеловска. Поради здравствената ситуација предизвикана од Ковид-19, двете не можат да допатуваат од Швајцарија и Словенија. Маријана Нацева има скршеница на рамото и исто така е надвор од составот-рече селекторот Изов.