Владата на Р.М и натаму го држи спортот затворен за публиката. Пред неколку дена на владина седница беа донесени нови олеснителни мерки за јавните настани, но не и за спортот, иако нема разлика меѓу меч и концерт.

Првата фудбалска лига веќе одамна се игра под затворени врати, а истото се случува и со ракометот. За дел од клубовите ваквиот начин на функционирање нема никаква логика. Ристо Чокрев од Јуниор К.В побара од РФМ да испрати барање до Владата за враќање на публиката на трибините, секако во ограничен број.

Ракометната федерација во време на Ковид-19 им излезе на клубовите во пресрет за многу работи, па токму затоа спортските работници се надеваат дека може да се избори и за враќање на публиката.