Денеска и официјално стартува новата сезона во Лигата на шампионите. По вчерашното рангирање, ЕХФ излезе со интересни бројки, поточно статистика, кој е најтежок, највисок и најстар тим. Интересно, Веспрем е на првото место во сите три категории.

Македонскиот претставник Вардар 1961 го има третиот најстар состав, додека во категоријата висина и тежина ја фаќа „златната средина“, поточно е под летвичката на ЕХФ. Порто за кого настапува македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски е најслабиот тим во ЛШ, додека пак Барса го има најнискиот состав.

Погледнете во продолжение.