Јани Атанасов, фудбалерот на Хајдук, ги истакна очекувањата од утрешниот дуел со Ренова. Тој рече дека се надева на добар меч, и дека Хајдук ќе оствари победа, и со пласман во следната фаза ќе се врати во Сплит.

„Поздрав до цела Македонија. Драго ми е што ни се падна Ренова. Се надевам на добар меч, и дека ќе ги исполниме задачите на тренерот, и со позитивен резултат ќе се вратиме во Сплит“, рече Атанасов.