Новак Ѓоковиќ се најде во третото коло на мастерсот во Рим, откако го совлада Салваторе Карусо со 2-0 по сетови 6-3 и 6-2. На најдобриот тенисер во светот му беа потребни час и 22. минути за победа по дисквалификацијата на УС Опен.

Еден брејк во првиот сет беше дооволен за Новак, го направи во осмиот гејм и лесно дојде до 6-3. Во вториот сет веднаш го нападна противничкиот сервис, по долга борба во третиот гејм успеа да направи брејк и да го потврди.

Карусо не успеа да се врати во мечот, Ѓоковиќ лесно ја заврши задачата и се пласираше во следната фаза.