Мешков Брест како голем фаворит влегува на дуелот со Вардар 1961. Македонскиот клуб никогаш не бил толку голем аутсајдер во изминатите години против белорускиот состав, но промените во „ростерот“ и поразите во подготовките и неубедливата игра на Ф4 во Задар, си го сторија своето.

Но, ако го прашувате Мешков, „црвено-црните“ имаат уште што да покажат, тие на својот официјален сајт го претставија македонскиот клуб. Покрај историјата и анализата кој заминал, а кој дојде ова лето, потенцираа:

„На Вардар ќе му треба многу време за да се воигра на теренот и да ги спорведе тренерските идеи. Резултатите од првите натпревари не беа импресивни, особено поразите од Еурофарм и Нексе и поразот од Веспрем. Но, полуфиналето на СЕХА-лигата со Загреб покажа дека македонски карактер и натаму го имаат, очигледно, не заминал никаде. Овие момци се уште можат да излезат од ќор-сокак ситуации, што значи дека продолжуваат да бидат опасен противник“.