Шпанските медиуми објавија дека Барселона нема да може да смета на услугите на Лионел Меси на три средби доколку го прифати повикот на својата репрезентација за мечевите против Еквадор и Боливија.

Проблемот е двонеделниот задолжителен карантин кој Меси мора да го помине доколку се појави во дресот на Аргентина на 8. и на 14. октомври. Ова значи дека нема да игра против Виљареал, Селтик и Севиља, кои на распоредот се за 27. и 30. септември, како и 4. октомври.

Секако Меси нема одлучено дали ќе го прифати повикот за репрезентативните натпреваро, но доколку одговори позитивно во тој случај во Барселона се плашат од најлошото.