Јованка се прекрсти во Јова, па сними нова песна после 10 години

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јованка се прекрсти во Јова, па сними нова песна после 10 години

Некогаш позната како Јованка Житарова, а денес само Јова, по една деценија пауза се враќа на сцена со новата песна насловена „Сама своја среќа“. Зад оваа песна како автори се запишани Роберт Билбилов, кој ги направи музиката и аранжанот, и Ксенија Николова, чиј е текстот.

- По 10 години пауза решив да и се варатам на мојата најголема љубов, музиката, но со сосема нешто поинакво од она што порано го правев. Со песни во модерен и актуелен стил. Со Роберт, како колеги од факултет, се најдовме на иста бранова должина, и се роди „Сама своја среќа“. Ова е само почеток од нашата соработка. Ова не значи дека јас сум ја заборавила старата македонска убава песна, секако, корените не смеат да се заборават, но решив да направам чекор напред, да пробам нешто сосема поинакво. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, особено припадничките на понежниот пол, бидејки ова е порака за нив, вели Јова.

Спотот е снимен заедно со Зонде продукција на браната Козјак, а во него таа е претставена како слободна, сама и среќна жена.

- Презадоволна сум од спотот, го долови точно она што го чувствувам. Дека на човек најважна од се му е личната среќа, додава таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата