Берлускони за борбата со коронавирусот: Се плашев дека нема да преживеам

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Берлускони за борбата со коронавирусот: Се плашев дека нема да преживеам

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, рече дека се плашел дека ќе умре од Ковид-19 и дека сè уште се чувствува многу уморен и исцрпен.

„Сè ме болеше, не можев да бидам во иста позиција повеќе од една минута. Се плашев дека нема да преживеам“, изјави Берлускони (83) за „Кориере дела сера“.

Берлускони помина повеќе од една недела во болницата Сан Рафаеле во Милано, каде му беше дијагностицирана пневмонија поврзана со Ковид-19. Тој беше пуштен на домашно лекување во понеделникот.

„Во првите денови во болницата се плашев за својот живот, да“, рече тој.

„Мојот совет до сите пациенти е: не попуштајте, никогаш не губете надеж дека ќе се опоравите. Коронавирусот може да се победи. Се чувствувам многу уморно, истоштено. Таков е ковидот. Но, успеав да го надминам тој тежок предизвик и затоа сум среќен“, вели Берлускони.

Тој потврди дека дел од неговото семејство, вклучително и внуци, биле заразени, но немале сериозни симптоми и сите оздравеле.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата