КАКО ПАДНА ВРЕДНОСТА НА ФЕЈСБУК заради Ким Кардашијан и Леонардо ди Каприо

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАКО ПАДНА ВРЕДНОСТА НА ФЕЈСБУК заради Ким Кардашијан и Леонардо ди Каприо

Ким Кардашијан Вест, Кети Пери и Леонардо ди Каприо се едни од многуте познати личности кои учествуваат во денешното 24-часовно „замрзнување“ на Инстаграм во знак на протест против, како што велат, неуспехот на матичната компанија Фејсбук во борбата против насилството и содржината која претставува омраза и дезинформации за изборите.

Тие ја поддржуваат најновата кампања на движењето Стоп за омразата за профит, објави АП.

Движењето бара од луѓето да објават порака во која ја истакнуваат штетата предизвикана од Фејсбук, но да се воздржат од објавување на Инстаграм еден ден.

„Не можам да седам мирна додека овие платформи продолжуваат да дозволуваат ширење омраза, пропаганда и дезинформација, каде групи се создадоа за да сеат поделби и да се подели Америка“, објави Кардашијан Вест на својот Инстаграм профил.

Фејсбук одби да коментира, но посочи на неодамнешните најави за тоа што прави за да го ограничи влијанието на групите што го поддржуваат насилството и напорите за заштита на изборите во САД, што ќе се одржат во ноември.

Кардашијан Вест со 188 милиони следбеници е една од највлијателните луѓе на Инстаграм, а нејзината поддршка и поддршката на другите познати имиња за бојкотот доведе до пад на акциите на Фејсбук денес за 1,3 проценти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата