Руски експерт за стопирањето на оксфордската вакцина: КОМПЛИКАЦИИТЕ СЕ СЕРИОЗНИ

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руски експерт за стопирањето на оксфордската вакцина: КОМПЛИКАЦИИТЕ СЕ СЕРИОЗНИ

Рускиот центар "Гамалеј" ја смета за исправна одлуката за стопирање на тестирањето на оксфордската вакцина против коронавирус на компанијата "Астра Зенека", бидејќи компликациите кај доброволците биле многу сериозни, рекол водечкиот експерт на институтот Фјодор Ласицин.

Иако од гледиште на науката е перспективно да се користи аденовирусен вектор од шимпанза на долгорочен план, во овој момент не е доволно проучено. Поради тоа е правилно што се стопирани тестирањата, компликациите се сериозни, рекол Лисицин во интервју за "Rusia 24". 

Тој нагласил дека кај еден од доброволците на кој е тестирана вакцината дошло до сериозни компликации како атрофирање на мускули.

Тоа многу ги вознемири сите истражувачи кои работеа на вакцината, нагласил рускиот експерт.

Вакцината на британско-шведската компанија "Астра Зенека", која ја развиваат заедно со научници од Оксфорд, во август преминала на трета фаза од тестирањето.

Компанијата ја развива вакцината на база на аденовирусни вектори на мајмуни. Претходно медиумите пренеле дека клиничките испитување на вакцината на оваа компанија се прекинати поради можни несакани реакции кои се јавиле кај еден од учесниците на тестирањето во Велика Британија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата