„Помладата верзија на Александар Вучиќ“, е само еден од коментарите на фотографијата на 29-годишниот Борна од Криж во Хрватска, кој стана ѕвезда на социјалните мрежи во регионот поради неверојатната сличност со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Неговиот профил на  мрежата за запознавање „Тиндер“ и повеќе од духовитиот опис „ако не ви пречи што личам на Александар Вучиќ, контактирајте ме“ стана хит во регионот бидејќи е неверојатно колку тој личи на Вучиќ.

Борна за „Телеграф“ посочи како се справува со овие споредби во Хрватска, но и како реагира на фактот дека за една вечер добил дури 15.000 следбеници на „Инстаграм“.

„На тоа гледам на овој начин, или ќе се пошегувам и ќе го свртам сето тоа на шега или ќе бидам лут на сите, но тоа за мене нема смисла. Значи, сè додека луѓето се нормални во врска со тоа, ниту јас немам проблем со тоа “, рече тој.

Тој вели дека споредбите со српскиот претседател започнале кога се здебелил.

„Со него ме споредуваат откако се здебелив 10 килограми, некаде пред 5 години.

А на прашањето како се носи со ненадејната слава, тој за „Телеграф“ изјави:

„Па, морам да признам дека е навистина забавно, но и стресно.“

А за тоа како напредува неговиот профил за запознавање преку интернет, Борна речe:
„Имав лудница последните два дена, па затоа го запоставив“, заклучи Борна.

извор: Makfax

Најчитани вести