Во Словенија биле тестирани 3.123 граѓани во последните 24 часа, а 123 биле позитивни на Ковид-19, што е рекорден број на заразени лица за еден ден во таа земја.

Нема смртни случаи, но бројот на активни случаи се искачи на 975, објави агенцијата СТА.

Според официјалните податоци, хоспитализирани се уште 12 пациенти, така што во болниците има 61 пациент.

На интензивна нега се лекуваат 11 лица.

Во Словенија беа заразени вкупно 3.945 лица, а 135 починаа.

Последната смрт поврзана со коронавирус е регистрирана пред речиси две недели.

извор: Makfax

Најчитани вести