Шефот на Светската здравствена организација вели дека треба да се избегне затворање на училиштата поради пандемијата на коронавирус и да се применува само на места со голема стапка на инфекција.
На Тедрос Аданом Гебрејесус му се придружија шефовите на УНИЦЕФ и УНЕСКО, за да се нагласи важноста за одржување на училиштата отворени, каде што е можно, и да се предупреди дека колку повеќе деца не одат на училиште, толку е помала веројатноста тие се вратат на многу места.
Тој вели дека „учењето на далечина“ треба да биде достапно каде што е можно, објави АП.
Тедрос вели дека податоците на СЗО покажуваат дека процентот на смртни случаи од Ковид-19 евидентиран кај лица на возраст под 20 години е помал од 0,2 проценти. Според него, потребни се повеќе истражувања за факторите кои го зголемуваат ризикот од тешки случаи и смрт кај децата и предупреди дека долгорочните ефекти остануваат непознати.
извор: Makfax