МОН ги повикува учениците да смислат име и лого за Националната платформа за онлајн учење

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МОН ги повикува учениците да смислат име и лого за Националната платформа за онлајн учење

Министерството за образование и наука објави јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив на Националната платформа за учење на далечина.

Мотото на повикот е „Од учениците, за учениците“, и е отворен за учениците од сите основни и средни училишта. Тие можат да учествуваат индивидуално или во групи до четворица ученици, со поднесување на едно или најмногу три идејни решенија.

Идејните решенија треба да се доставуваат на електронската адреса [email protected], најдоцна до 22 септември, до 16 часот.

Најдобрите пет решенија ќе бидат поставени на официјалната страница на Националната платформа за учење на далечина, на јавно гласање на учениците. Решението со најголем број освоени гласови од учениците, ќе биде избрано за официјално, додека за авторот/авторите ќе следува пригодна награда обезбедена од МОН и УНИЦЕФ.

Повеќе информации за јавниот повик може да се најдат на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата