„Долгорочните последици од коронавирус СЕ НЕПОЗНАТИ, ОСОБЕНО КАЈ ДЕЦАТА“

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Долгорочните последици од коронавирус СЕ НЕПОЗНАТИ, ОСОБЕНО КАЈ ДЕЦАТА“

Потенцијалните долгорочни последици од вирусот Ковид-19 се уште не се познати, особено кога станува збор за деца кои се излекувале од оваа болест, изјави директорот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.

-Знаеме дека децата и адолесцентите може да се заразат и можат да заразат и други. Знаеме дека овој вирус може да биде смртоносен за деца, но и дека тие заболуваат во поблага форма. Би истакнал дека малку се тешките случаи и смртните случаи кај деца и адолесценти од Ковид-19, изјави првиот човек на СЗО.

Според податоците со кои СЗО располага, помалку од 10 проценти од регистрираните случаи и помалку од 0,2 отсто од смртните случаи се меѓу лицата помлади од 20 години.

Гебрејесус додава дека во секој случај потребни се дополнителни истражувања за факторите кои го зголемуваат ризикот од заболувањето од тежок облик на коронавирусот и смртен случај кај децата.

Тој истакна дека потенцијално долгорочните последици по здравјето кај заразените од Ковид-19 се уште не се познати.

-Иако децата најчесто не заболуваат од тешка форма на Ковид-19, тие страдаат на други начини. Во многу држави не функционира нормално работата на некои од основните служби, како на пример институциите кои вршат вакцинација, потоа училиштата не работеа и фактот дека милион деца ширум светот со месеци не одеа на настава, сето ова влијае на нив, објасни директорот на СЗО.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата