ВЛАДАТА СО ОГЛАС ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА, а дома седат 1.500 рамковни административци

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВЛАДАТА СО ОГЛАС ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА, а дома седат 1.500 рамковни административци

Вкупно 36 нови администртивци ќе се вработат во Министерството за финансии. Огласот е веќе објавен, а се бараат работници на повеќе позиции. Дел од работните места се за во градовите од внатрешноста па се бараат референти за Кочани, Делчево, Кратово, Крушево и други градови. Се бараат референти за канцелариско работење со плата од околу 17.000 денари, но и извршители за повисоки позиции со плати над 23 илјади денари.

Огласот излегува во време кога се бара решение за веќе вработените во јавната администрација за која и премиерот Зоран Заев најавуваше можна рационализација. 

Нов министер за финансии е Фатмир Бесими, на таа функцијата предложен од ДУИ.

Во моментов на списокот на министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се уште се наоѓаат околу 1.300 вработени за кои статусот треба да се реши. 

Вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби најави дека во соработка со Јетон Шаќири, министерот за информатичко општество и администрација, во најкус можен рок ќе обезбедат распоредување на сите вработени во согласност со Охридскиот рамковен договор во државните институции.

„Треба да се најде место во државните институции за 1.300 лица кои се сега вработени во Министерството за политички систем кое го водам. Тоа ќе ни биде приоритет. Ќе ги признаеме факултетските дипломи на сите административци и ќе ги мотивираме да се надградат себе си и својата иднина да ја гледат и да ја градат во нашата земја, изјави Артан Груби.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата