Луис Суарез повеќе не е на листата на желби во таборот на Јувентус. „Тутоспорт“ јавува дека во Торино имаат старо-нови нови приоритети.

Един Џеко и Аркадиуш Милик се новите мети на Јуве, а кој од овие два расни стрелци дефинитивно ќе се пресели во Торино останува да видиме.

Џеко е во зрели играчки години, а е во одлична форма. Во Рома сакаат да остане таму, потребен е, но дали работите ќе се одвиваат во тој правец ќе видиме. Милик пак и јавно кажа дека сака трансфер, а дали Јувентус ќе се одлучи дефинитивно за Полјакот сеуште е отворено прашање.