Досегашниот голгетер на тимот на Келн, КОлумбиецот Џон Кордоба е нов играч на Херта од Берлин.

Клубот плати обештетување од 15 милиони евра и го комплетираше вредниот трансфер.

Претходно Кордоба играше за Маинц, но и за Еспањол, а најдобрата сезона во Германија му беше 2018/19 кога постигна 20 гола за Келн.