ВО ЗЕЛЕНИТЕ ЗГРАДИ НИКОЈ НЕ САКА ДА ЖИВЕЕ - Сега добија несакани гости (ВИДЕО)

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВО ЗЕЛЕНИТЕ ЗГРАДИ НИКОЈ НЕ САКА ДА ЖИВЕЕ - Сега добија несакани гости (ВИДЕО)

Станбени згради дизајнирани со бујна вегетација на балконите во моментов се толку обраснати со „вертикална шума“ што сопствениците на становите избегнуваат да живеат во нив поради наезда од комарци, пренесуваат кинеските медиуми.

Блокот е изграден во 2018 година во Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан.

Според веб-страницата на сопственикот на имотот, сите 826 стана биле ставени на продажба истата годин и многу брзо нашле купувачи.

Сепак, според медиумите, само десетина семејства се преселиле да живеат во зградите.

Во моментов становите не се вселиви, вегетацијата на терасите и фасадите е запуштена и сето тоа поради големиот број комарци кои исто така сакаат зеленило.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата