По семејната драма и буквалното киднапирање на двете деца овој пат прв пат во јавноста се појави пејачката Тања Савиќ.
Имено пејачката неодамна имаше свој настап каде сите во еден глас ги пееја нејзините песни.
Ова воедно беше и прв настап на пејачката по голготата која ја помина во изминатиот период приредена од нејзиниот сопруг Душан.
Српските медиуми со месеци претходно известуваа дека пејачката нема пари за адвокати бидејќи мажот освен синовите и ги земал и сите заштедени пари.
Потоа се појавија и шпекулации дека Тања организирала и настапи за да собере пари за адвокатите, но едно е сигурно, а тоа е дека сите на нејзините настапи уживаат и едвај чекаат да се реши оваа драма.