ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА ОД МОРБИДНА СЕКТА - Вршеле егзорцизам со мачење, длабоко во џунглата (ФОТО)

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА ОД МОРБИДНА СЕКТА - Вршеле егзорцизам со мачење, длабоко во џунглата (ФОТО)

Тела на жртви на озлогласената секта Нова Божја светлина се пронајдени во масовна гробница во Панама, соопшти локалната полиција додавајќи дека истрагата се уште трае.

Телата биле пронајдени во близина на гробницата каде беа пронајдени седум тела во јануари годинава. Жртвите биле поврзани со секта за која се верува дека е опседната со егзорцизам.

Државниот обвинител Азаел Тугри рече дека гробницата се наоѓа во оддалечен дел од регионот Нгабе Бугл, до кој истражителите морале да пешачат дури 10 часа. Оддалечен е 350 километри од главниот град Панама Сити.

- Во овој момент не е можно да се одреди бројот на телата или полот на жртвите, рече Тугри.

Пред неколку дена полицијата го уапси наводниот водач на сектата Нова Божја светлина во врска со жртвите кои што ги пронајдоа во јануари.

Во тоа време, меѓу пронајдените тела има пронајдени остатоци од бремена жена, нејзините пет деца и тинејџер, а откритието немаше да се случи доколку полицијата не го дознаеше сето тоа од тројцата бегалци кои биле заробени од сектата.

Полицијата упаднала во седиштето на Новата Божја Светлина, каде открила ужасни сцени. Прво, тие ослободиле 15 затворени лица, а потоа во црквата пронашле гола жена опкружена со мачети и ножеви, а покрај неа ритуално заклана коза.

Полицијата тогаш соопшти дека членовите на сектата извршиле егзорцизам врз луѓе кои ги мачеле на различни начини.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата