Актерката Бранка Веселиновиќ НАПОЛНИ 102 ГОДИНИ, па изнесе детали од животот

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Актерката Бранка Веселиновиќ НАПОЛНИ 102 ГОДИНИ, па изнесе детали од животот

Познатата актерка Бранка Веселиновиќ денес наполни 102 години и по тој повод проговори за многу детали од нејзиниот живот и повеќедецениската, плодна кариера.

- Толку сум возбудена, бев со пензионери на отворено. Бев во Нови Сад, а ова што се случува, не пиев, не пушев, не одам по школи, болници, рече Веселиновиќ.

Бранка Веселиновиќ во текот на својата долга кариера се дружела со многу познати лица, но една од подрагите и е познатата српска поетеса Десанка Максимовиќ.

- Патував со неа, таа ме избра мене. Мира Ступица исто така беше со нас. Отидов и во Америка со Десанка. Таа не сакаше, но ние ја убедивме да оди со нас да гостуваме за нашите, рече актерката, која го спомена нејзиниот покоен сопруг.

- Заврши три факултети, филозофија, филологија и на Кембриџ. Тој рецитираше песна, го виде Мира Ступица и го праша како се вика, а потоа му рече дека нема да биде полковник, туку актер, раскажа Бранка и додаде дека се уште во секој момент и недостига.

- Не дека не сакав да имам големо семејство. Имаше лечење, се и сешто. Во други брак, партнерите имаат деца, и тој велеше: Па, ние се сакаме.

- Прашање е на карактер, возраст, треба да се сакаат, да веруваат едни во други. Никогаш да не е досадно", даде актерката совет за добар брак.

- Ако се видиме следната година во ова време, прашајте го чичко Бог, прашајте го“, рече актерката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата