Тимот на Шкендија предмалку замина за Романија, каде што утре со почеток од 17:45 часот го игра дуелот со тимот на Ботошани.
Тетовци имаат тешка задача пред себе да му се спротивстава на објективниот фаворит, но со оглед на фактот што се игра само еден натпревар буквално се е можно.
Нашиот претставник вели дека е подготвен за предизвикот и дека ќе даде се од себе да го изненади домаќинот, во кој што настапуваат нашите Стефан Ашковски односно Давид Бабунски.