Венецуелската војска собори американски авион со наркотични средства кој нелегално влезе во воздушниот простор на земјата, изјави министерот за полиција Нестор Реверол.

„Авионот што превезуваше наркотични средства со американски регистарски број, и кој нелегално влезе во воздушниот простор на земјата во државата Сулија, беше неутрализиран“, објави министерот, пренесе „Спутник“.

Реверол објави фотографија од соборениот авион на „Твитер“.

Венецуелската војска честопати соборува неидентификувани авиони што ги користи наркомафијата. Последниот случај беше во јули годинава.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро даде одобрение за соборување на секој авион на наркомафијата во воздушниот простор на земјата.

извор: Makfax

Најчитани вести