Европа пред ПРЕСВРТ ВО БОРБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европа пред ПРЕСВРТ ВО БОРБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

Европа е соочена со пресвртна точка во борбата против новиот коронавирус поради зголемениот број на заразени лица, почетокот на учебната година и доаѓањето на есента, предупреди директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, Мајкл Рајан.

Време е да се запре „ловот на фатаморгана“ и да се донесат тешки одлуки со цел да се заштитат најранливите и да им се овозможи на децата да одат на училиште, дури и по цена на неизбежни жртви, рече Рајан.

Во Европа, луѓето наскоро ќе почнат да се враќаат во затворените простори. Притисокот од инфекцијата ќе се интензивира, рече официјалниот претставник на СЗО на виртуелна прес-конференција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата