Екипата на Денвер Нагетс синоќа го совлада тимот на Лос Анџелес Клиперс 104:89 и на тој начин успеа да се пласира во конференциското финале на Западот, каде што ги чекаат Лејкерски.

Денвер успеа да направи своевидна сензација, односно да се врати од негаива од 3:1, и станаа првиот тим во историјата кому му пошло тоа од рака. По елиминацијата на Јут Џез еве сега победа и над Клиперски две фаворизирани екипи.

Во првиот дел, во игра тимот на Денвер го одржа Џамал Мареј со 25 поени, а потоа се приклучија и Јокиќ, Милсап и останатите, па приказната на Клиперси годинава беше готова.

Мареј го заврши мечот со 40 поени, додека Јокиќ стигна до трип – дабл со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции.

Од друга страна на Истокот веќе се игра конференциското финале, а таму Мајами беше подобар од Бостон со 117:114 по продолженијата.

Мечот беше исклучително изедначен, а Мајами за нијанса подобар. Гора Драгиќ забележа 29 поени, седум асистенции и четири скока.