Англискиот шампион Ливерпул сепак прави напори ова лето да донесе уште едно конкретно засилување во средниот ред. Клоп очигледно не е задоволен како функционира средината на „црвените“ со низата слабости кои се покажаа уште на воведниот меч од сезоната со Лидс Ј., па тргна во потера на играчот за врска на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија.

Швајцарскиот репрезентативец има контакт со тимот на „зебрите“ до 2022 година и според „Билд“ тој е радосеш што за него интерес има од менаџерот на англискиот првак, Јирген Клоп.

Се проценува дека 23-годишниот играч за врска вреди околу 37 милиони фунти, а Менхенгладбах ќе биде отворен да го продаде следното лето пред да влезе во последната година од неговиот договор. Ливерпул досега се засили само со левиот бек Костас Цимикас.