Ракометарите на Металург иако во два дена одиграа два меча, тоа не им пречеше на ракометарите на Металург да обезбедат уште една нова убедлива победа. Вечерва во „Автокоманда“, избраниците на Зоран Кастратовиќ со високи 36:24 славеа над екипата на Тиквеш и по првите три кола во Суперлигата имаат максимален учинок од три победи.

Уште по првиот дел беше јасно дека кавадарчани се практично без шанси на оваа средба. Мотивирано и концентрирано, „металузрите“ тргнаа од самиот старт, а на пауза заминаа со предност од 21:13.

Во вториот делн играа внимателно, успеваа да ја зголемуваат разликата и на крајот да слават со убедливи +12. Шилегов беше извонреден и го заврши мечот со 9 погодоци кај победниците.

За екипата на Тиквеш ова беше и вториот сезонски пораз, по оној на стартот во Богданци против екипата на Младост.