ПРОТЕСТ: Мафијата удри и по Гоце! Гоце е идентитетот! (Фото)

15.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРОТЕСТ: Мафијата удри и по Гоце! Гоце е идентитетот! (Фото)

Во тек е протестот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што најавија, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев. Протестот стартуваше од пред Министерството за правда од каде преку мостот „Гоце Делчев“ продолжува се до зградата на Министерството за надворешни работи.

- Ова е мирен народен протест на кој ќе испратиме јасни пораки. Време е за гласот на тивкото мнозинство. Повикуваме сите да ни се приклучат во протестот кој треба да биде нашиот глас за она што не обележува како држава, стратешки интерес и бедем на нашето постоење, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата