БУГАРИЈА СТАВИ БЛОКАДА на Македонија за преговори со ЕУ

15.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БУГАРИЈА СТАВИ БЛОКАДА на Македонија за преговори со ЕУ

Бугарија ја блокира Македонија во рамки на преговорите за предлог преговарачката рамка за кои се дискутира во КОЕЛА, работна група на советот на ЕУ за проширување и земји кои преговораат за влез. (EU Council’s Working Party on Enlargement and Countries Negotiating Accession to the Union (COELA) Бугарски извори тврдат дека бугарските претставници го блокираат почетокот на преговорите за Макеоднија поради постоење поголем број на причини поврзани со почитување на добрососедските односи, пренесе експрес.мк.

Според изворите на експрес.мк во Софија доколку овие проблеми не бидат надминати до крајот на септември Бугарија нема да попушти и ќе го блокира формалниот почеток на преговорите за Македонија кој што според најавите од Берлин треба да се случи во декември.

Според изворите на експрес.мк Софија бара посебен документ потпишан од владата во Скопје со кој ќе се гарантира целосно спроведување на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

Во документот за кој не се открива каков назив треба да има македонската страна мора да го прифати сите бугарски позиции кои се однесуваат на историјата, учебниците, Гоце Делчев и други револуционери, нарекувањето на бугарската војска од втората светска војна како фашистичка и неколку други прашања.

Овој документ пред неколку дена индиректно го најави бугарскиот вицепремиер Каракачанов кој порача дека Македонија нема да почне преговори со ЕУ додека не ги задоволи бугарските барања.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата