Толку од сонцето: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ЧЕКА ОД ЧЕТВРТОК

15.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Толку од сонцето: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ЧЕКА ОД ЧЕТВРТОК

Времето во текот на утрешниот ден ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.

Во четврток попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од земјава. Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата