Почина возачот на возилото комби кое застранило од регионалниот пат Делчево – М.Каменица и притоа предизвикало застој на сообраќајот. Од Итната медицинска помош информираат дека се работи за лице на возраст над 50 години од општина Чешиново-Облешево.

- Добивме повик од возачи кои забележале дека му се слошило на возачот на комби. По укажаната лекарска интервенција, лицето е препратено во кочанската болница, каде добивме информација дека попатно починал, информираа од делечевската Брза помош.

Од полицијата уште се чекаат детали за евентуални останати причини за несреќниот случај. Во моментот, сообраќајот на патниот правец Делчево – М.Каменица е нормализиран.

Најчитани вести