(Видео) Вечерва црвен аларм за спас на забавната индустрија

15.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Вечерва црвен аларм за спас на забавната индустрија

Под мотото #WeAreEvenrs и #RedAlert, (https://wemakeevents.org/) вечерва во организација на Асоцијацијата на евент индустријата ИВАП нашата земја ќе се вклучи во глобалната светска иницијатива за свртување на јавноста кон овој сектор кој трпи големи загуби заради пандемијата со Ковид-19, а милиони луѓе во светот остануваат без работа и се на раб на егзистенција.

Иницијативата потекнува од Америка и е црвен аларм за индустријата за организација на настани. Милиони луѓе ширум светот привредуваат во оваа индустрија, а истата има значителен придонес во БДП на секоја земја. Особено е значајно културолошкото и социјалното влијание за населението.

„Вечерва со почеток во 20 часот, ВИП Арената во Скопје и домовите на култура во Кочани и Струмица ќе ги обоиме во црвена боја, со видео проекции. Ќе се обидеме да го свртиме вниманието на јавноста но и на Владата кон нашиот сектор и уште еднаш да покажеме дека навистина сме во тешка и незавидна ситуација“, велат од ИВАП.

Црвен аларм е акција која се случува континуирано низ целиот свет и илјадници професионалци се вклучени во осветлувањето на многу објекти.

Инаку, ИВАП вчера организираше дебата на тема – Настаните во ковид периодот што следува, на која присуствуваа компании и професионалци од индустријата. Свое мислење изнесоа гитаристот Влатко Стефановски, директорот на Филхармонија Виктор Илиески, Коста Петров од P World, Теодора Васиљевиќ од Пасворд Продукција, Никола Наумоски од Град Скопје. Општиот став на сите присутни е дека настаните мора да продолжат, дека периодот што доаѓа е незивесен и со многу непознати.

„Останува нашиот став дека поддршката од Владата е неопходна, но и димензионирана и таргетирана по сектори, бидејќи секоја индустрија си носи свои специфики и потреби. Останува впечатокот дека е добро што раговараме, што предлагаме можни решенија и што индустријата е мотивирана да продолжи.

Во однос на вчера усвоените протоколи за одржување на јавни настани во затворени простори, сметаме дека требаше да бидеме консултирани како независни прифесионалци а не само културните инситуции. 30% од капациетотна салата е понижувачки за уметниците и за организаторите. Исто така, не ја гледаме логиката во отворени простори да може да се одржуваат само седечки концерти. Сепак доаѓа ладно време и седењето на публиката нема да биде пријатно за следење на било кој настан. Но се надеваме дека протоколите дозволуваат промени и дека наскоро ќе имаме можност да ги изнесеме нашите ставови“, потенцираат од Асоцијацијата.

Акцијата Црвен аларм ќе се организира и во иднина на повеќе локации и објекти ширум Македонија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата