Курти ако дојде на власт, ЌЕ ГО АПСИ ХОТИ ЗАРАДИ ДОГОВОРОТ СО СРБИЈА

15.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Курти ако дојде на власт, ЌЕ ГО АПСИ ХОТИ ЗАРАДИ ДОГОВОРОТ СО СРБИЈА

Албанските политичари од Косово жестоко завојуваа меѓусебно околу неодамнешниот договор што го потпишаа во Вашингтон американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот српски колега Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

Претходникот на Хоти на таа позиција, водачот на „Самоопределување“, Албин Курти, рече дека сегашниот претседател на владата во Приштина треба да заврши во затвор поради овој договор. Курти дури предупреди дека, ако дојде на власт, може да има апсења во врска со активноста на владата на Хоти.

- Тој треба да биде уапсен за потпишување на договорот. Оваа влада преку езерото Газивода во преговорите и отвори тема на Србија за косовскиот имот. Во правната држава на  „Самоопределување“, нема да има место за слобода за такви лица како што е Хоти. Ако Косово имаше вистински обвинители, тие ќе постапеа веднаш. Владеењето на правото нема да толерира такви луѓе на власт или на слобода. Нашето враќање во владата ќе овозможи владеење на правото - заклучи Курти.

Од друга страна, албанскиот аналитичар од Косово Артан Мухаџири посочи дека добрата вест е што и претседателот Вучиќ и Хоти  одлучија да бидат специфични и да се оддалечат од популизмот и политичките игри што не им носат ништо добро на граѓаните.

- Евидентно е дека дијалогот меѓу Белград и Приштина стана подинамичен. Тоа е резултат на меѓународниот притисок, но и добрата волја на двете страни - оцени тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата