Триесет и осумгодишен маж попладнево извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски, кој го приведе полицијата од ПС Центар.

- Полициски службеници од ПС Центар попладнево приведоа маж Ф.Л. (1982) кој околу 16: 30 минути извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски. Тој со закана со нож од вработената одзел околу 6.000 денари и мобилен телефон. Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и лицето е лишено од слобода, а парите и телефонот се пронајдени, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најчитани вести