МАСОВНА ТЕПАЧКА СРЕДЕ СКОПЈЕ: Не се знае кој кого тепал

14.09.2020
Vesnik.com
МАСОВНА ТЕПАЧКА СРЕДЕ СКОПЈЕ: Не се знае кој кого тепал

На 13.09.2020 околу 10: 30 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„365“ во Скопје, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.И.(46), А.И.(35), И.И.(71), Џ.И.(68) и Р.И.(64), од една страна и Ѓ.А.(56), И.Х.(67), С.Н.(32), К.Х.(32), Ј.Х.(32), Х.С.(59) и Х.Ј.(28), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;