КОРОНАТА ПУСТОШИ НА ПАЗАРОТ: Без работа остануваат 650.000 Британци до крај на годината

14.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОРОНАТА ПУСТОШИ НА ПАЗАРОТ: Без работа остануваат 650.000 Британци до крај на годината

Известувања за отпуштање е двојно поголемо отколку за време на рецесија 2008/2009.

Британија е на пат во втората половина на 2020. да забележи најголем пораст на вишок вработени во последните 30 години, спрема најава на работодавците погодени од економскиот удар на корона вирус, соопштила денес една тинк тенк организација.

Околу 650.000, а потенцијално и многу повеќе, вероватно ќе бидат технолошки вишок во Британија во период од јули до декември, се наведува во извештајот на Институт за проучување на вработувања (ИЕС) независни истражувачки организации, пренесува Ројтерс.

- За жал, изгледа дека поголемо реконструирање сега е неизбежно – пишува во извештајот.

Известувања за отпуштање е двојно поголемо отколку за време на рецесија 2008/2009, и уште околу 450.000луѓе би можело да бидат прогласени за технолошки вишок во период јуни-септември, што е за 50 отсто над највисокото ниво забележано во истиот квартал за време на глобалната финансиска криза.

Владата би требала за работодавачите да ги намали доприносите по вработен со што би го потикнале вработувањето и да обезбеди подшка за платите во индустријата и во области кои долгорочно ќе бидат одржливи, оценува ИЕС.

Министерот за финансии, се спротиставил на апелите да продолжи корона прогамата за подршка за зачувување на работните места за кој треба да се произнесе крајот на октомври.

Се очекуваат официјални бројки од пазарот на трудот, кои треба да бидат објавени наскоро, и ќе покажат дека стапката на невработеност во Британија прв пат пораснала за три месеци заклучно со јули. Од почеток на воведување ковид мерки во март успела да го одржи на ниво од 3,9 проценти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата