(ВИДЕО) Експлодираше џип во Белград, во атентат загина Страхиња Стојановиќ

13.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Експлодираше џип во Белград, во атентат загина Страхиња Стојановиќ

Страхиња Стојановиќ (30) кој беше повреден во експлозија на автомобил во Нов Белград, почина во белградскиот ургентен центар, јавуваат белградските медиуми.

Стојановиќ беше сериозно повреден во експлозија на џип во движење на улицата бригада Омладинских во Нов Белград. Тој бил во критична состојба по реанимацијата на самото место, а медиумите објавија дека му се ампутирани двете нозе.

Покрај Стојановиќ, во експлозијата е повреден и колумбиски државјанин, за експлозијата се верува дека е активирана од далечина.

Ова беше втор обид за убиство на Страхиња Стојановиќ, кога веќе беше извршен обид за атентат на 11 август во белградската населба Галеника.

Стојановиќ имал сериозно кривично досие и бил апсен, апсен и осудуван неколку пати за разни тешки кривични дела, пренесоа српските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата