По назначувањето на министрите, следува назначување на директорите на јавните претпријатија, управните и надзорните одбори во истите и натамошна распределба на местата по строго определен партиски клуч и меѓупартиски договор на СДСМ и ДУИ.
Според договорот Заев - Ахмети, ДУИ ги превзема од СДСМ и Бирото за јавна безбедност во МВР, како и Финансовата полиција.
Исто така и Фондот за здравство, како една од клучните институции, ќе биде раководен од кадар на ДУИ.
Ова се персоналните решенија, до чии имиња, дојде Вечер.мк од извори во ДУИ:
- Директор на Бирото за јавна безбедност, Шефик Бајрами, вработен како началник во МВР
- Директор на Финансова полиција, Ширет Елези, досегашен замeник министер за финансии
- Инспекторат за труд, Хади Фетиши
- Фонд за здравство, Фатон Ахмети
- МЕПСО Мукадес Хајдари
- АЕК Арианит Џафери
- Директорат за заштита и спасување, Арсим Нуредини
- Агенција за лекови, Лирим Шабани
- Државни патишта, Ејуп Рустеми
- Биро за метрологија, Фестим Халили.
- Центар за управување со кризи, Бајрам Насуфи
- Државен Катастар, Башким Ахмети
- Железници, Фатон Положани
- МЕР (националните енергетски ресурси) - Бајрам Реџепи
На денешната прес конференција, првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, одговарајќи на новинарски прашања рече дека со коалицискиот партнер СДСМ договорени се за поделбата на позициите на замениците министри, државните секретари, како и основната поделба на некои од директорските места.
- Но, тоа всушност не е поделба туку замена на ресорите, на пример АД Пошта со МЕПСО, Фондот на ПИОМ со ЈПДП. Се работи само за размена на директорски места за да бидеме многу попродуктивни и луѓето да дадат подобри резултати на нивните нови работни места. Нема други нови поделби на директорски места, рече на денешната прес-конференција.
Груби вели дека имињата се уште не се знаат, но ќе бидат соопштени преку претставници на нивната партија, а не преку социјалните мрежи.

