“Чевлите на сопругата на Заев вредат повеќе од законската апанажа на Трипуновски“

12.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Чевлите на сопругата на Заев вредат повеќе од законската апанажа на Трипуновски“

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува реваншизмот и насилието кое што СДСМ го врши врз Цветан Трипуновски, само заради тоа што јавно ги обелодени сите криминали на власта во делот на земјоделието.

Трипуновски поднел барање за апанажа затоа што СДСМ го избрка од работа и го остави на улица како родител на две деца. Наместо СДСМ да се занимава со законската апанажа на Трипуновски кого го избрка СДСМ од работа, да се занимава со мафијата на Заев која краде од народот.

Навистина е лицемерно што СДСМ е пикната во глувчешка дупка кога станува збор за одговори како перела пари со анти НАТО бизнисменот Дака од Панама и купувала земјиште во Тетово каде сега ќе никнат 2000 станови, а молчи за партискиот реваншизам врз Трипуновски и пушта реакции за законски побараната апанажа. Во исто време СДСМ ги лаже лозарите и ги притиска по багателна цена да го продаваат грозјето.

Заев молчи и за поскапата струја и фактот дека го кршат законот кога цената ја покачува партискиот извршител на мафијата Бислимовски. Само чевлите на сопругата на премиерот вредат повеќе од апанажата на Трипуновски, и неможејќи да одговорат за вистинаките афери фабрикуваат невистини.   Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Чевлите на сопругата на Заев вредат повеќе од законската апанажа на Трипуновски, кого СДСМ го избрка од работа, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата