Жан Митрев прогови по апсењето на синот: ИЗБРА ПОГРЕШЕН ПАТ И ЌЕ ПЛАТИ ЗА ТОА

12.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жан Митрев прогови по апсењето на синот: ИЗБРА ПОГРЕШЕН ПАТ И ЌЕ ПЛАТИ ЗА ТОА

Д-р Жан Митрев за Сител открива дека неговиот син Филан кој во судот во Франкфурт е обвинет за тероризам, живеел во Германија и тој немал контакт со него последниве неколку години. Д-р Митрев смета дека синот Филан избрал погрешен пат и за тоа треба да сноси одговорност.

„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот, вели Митрев за Сител.

Во регионалниот суд во Франкфурт започна судскиот процес во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Филан М. кој е по потекло од Македонија.

Извор: Сител

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата