Стечајниот на Еуростандард тврди: НЕМА ФИЗИЧКО ИЛИ ПРАВНО ЛИЦЕ СО ДЕПОЗИТ ИЛИ ДЕПОЗИТИ ОД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА

12.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стечајниот на Еуростандард тврди: НЕМА ФИЗИЧКО ИЛИ ПРАВНО ЛИЦЕ СО ДЕПОЗИТ ИЛИ ДЕПОЗИТИ ОД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА

Имајќи предвид дека во текот на изминатиот месец, во повеќе објави се пласира неточна информација дека депонент – физичко лице во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ од 7 милиони евра, како стечаен управник се чувствувам должен да Ве известам Вас и севкупната јавност дека во Еуростандард Банка со состојба 12 август 2020 година нема депонент физичко лице со депозит во износ од 7 милиони евра ниту депонент – физичко лице којшто има повеќе депозити во Банката во вкупен износ од 7 милиони евра и нема депонент правно лице со депозит во износ од 7 милиони евра.

Оттука, во корист на точно информирање на депонентите, доверителите и севкупната јавност замолувам да не се пласира неточна информација дека депонент во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ којшто значително повеќекратно го надминува највисокиот депозит во Банката.

За прашања кои се предмет на интересирање на јавноста, како и за проверка на информации коишто се во моја надлежност можете да се обратите не електронска адреса [email protected]mk.

Душко Тодевски, стечаен управник на Еуростандард Банка

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата