Иранскиот шампион во борење Навид Афкари (27) беше погубен затоа што претходно беше осуден на смрт за прободување на полицаец со нож на антивладините протести во 2018 година.

Поради смртта на човекот од обезбедувањето, борачот беше осуден на две смртни казни, а беше погубен утрово откако „правната постапка беше спроведена до крај на инсистирање на родителите и семејството на жртвата“.

Постоеше сомневање дека Афкари бил измачуван за да даде лажно признание, а неговото семејство тврди дека тој не е виновен за делото за кое се товари.

Покрај него, иранските власти ги осудија и неговите браќа Хабиб и Вахид на неколку години затвор.

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт се обидуваѓе да му помогне на борачот, повикувајќи го Доналд Трамп за помош, но 27-годишникот на крајот беше погубен.