ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА ПОМЕЃУ АРТАН ГРУБИ И ДРАГИ РАШКОВСКИ - ЗА КАБИНЕТОТ?! (ДЕТАЛИ)

12.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА ПОМЕЃУ АРТАН ГРУБИ И ДРАГИ РАШКОВСКИ - ЗА КАБИНЕТОТ?! (ДЕТАЛИ)

Од владини неофицијални извори, Вечер.мк дознава дека вчера се случила физичка пресметка меѓу вицепремиерот Артан Груби и владиниот генерален секретар Драги Рашковски.

Анимозитетот меѓу нив двајца постои од самиот почеток на новата влада кога Груби, првиот заменик на премиерот Заев, се вселил во добро уредениот кабинет на генералниот секретар.

Рашковски се бунел за ваквата постапка, но залудно.

Вчера тензијата кулминирала кога Рашковски одбил на Груби да му ги предаде сите клучеви од кабинетот, како и од помошните простории и кабинетскиот сеф, при сто настанала гласна расправија, викање, кое, според неофицијалните извори на владини службеници, на крајот кулминирало со два три удари кои вице премиерот Груби му ги задал во пределот на вратот и главата на Рашковски.

Потоа биле разделени, а преку вработен службеник во секретаријатот Рашковски покасно му ги пратил сите клучеви на вицепремиерот Груби, кој од вчера и официјално е сместен во довчерашниот кабинет на генералниот секретар.

Владината служба сега бара друга канцеларија за Драги Рашковски.

Ова не е прв инцидент и физичка пресметка во која учествува или ја предизвикува Артан Груби. 

Но, ова е прв пат од 90-ттите години наваму, во просториите на Генералниот секретарјат, односно кабинетот на Генералниот секретар на Владата да го земе вицепремиер. Овие простории кои се наоѓаат во шестата кула во зградата на Владата се најблизу до кабинетот на премиерот, кој се наоѓа во третата кула.

- Откако Груби си го зема кабинетот на Рашковски, а тоа беше веднаш откако беше назначен на функцијата прв вицепремиер, Генералниот секретар на Владата беше практично приморан да се исели и да оди во четвртата кула. Таму тој сега практично е во кабинетот на досегашниот министер без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, функција која е веќе укината, вели изворот на Фактор.

Истовремено, отсекогаш кога се менувале гарнитурите во Владата, имало преземање на кабинети и преуредување по личен вкус на новоименуваниот функционер, но ова е прв пат, вицепремиер да седне во кабинетот на Генералнот секретар на Владата

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата