Богоевски: Гласав да се намали казната на синот на пратеничка, ЗА ТАА ДА ГЛАСА ЗА СЕВЕРНА (ВИДЕО)

9.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Богоевски: Гласав да се намали казната на синот на пратеничка, ЗА ТАА ДА ГЛАСА ЗА СЕВЕРНА (ВИДЕО)

За скандалозно признание какво што имаше Павле Богоевски пред само неколку дена во затвор оди пола државен врв и пратенички состав, пишува Инфомакс.

Екс пратеникот на СДСМ, Богоевски во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија пред целата македонска јавност потврди дека пратениците на опозицијата биле уценувани од страна на власта со затворски казни за нив и нивните блиски доколку својот глас не го дадат за промена на името.

Имено синот на Владанка Авировиќ, Василие Авировиќ беше осуден во случајот „Труст“ каде првообвинет беше бизнисменот Сеад Кочан. За случајот Василие доби 3 години затвор која со понатамошни измени во Кривичниот законик беше ослободен од затвор.

Според Инфомакс ваквото однесување е криминално од секој аспект особено ако земеме во предвид дека Владата на СДСМ спроведе велепредавство, предавајќи ги македонските национални и државни интереси менувајќи го името спротивно на референдумската волја на граѓаните.

Видеото ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата