(Видео) Американец се обидел да силува жена на станица, по што слободно си заминал

8.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Американец се обидел да силува жена на станица, по што слободно си заминал

Маж во Њујорк нападнал и се обидел да силува жена среде ден, на една метро станица полна со луѓе. Неверојатно дрскиот напад бил снимен, а човекот се откажал од својата намера и си заминал од местото, откако го опколиле други патници и почнале да му викаат.

Полицијата го идентификувала, а потоа и го уапсила мажот, 31-годишниот Афроамериканец Хозе Рејес. Шефот на њујоршкиот полициски оддел (NYPD) Родни Харисон го нарече злосторството „ужасно“.

25-годишната девојка во полиција рекла дека прво го забележала Рејес во истото метро со кое се возела околу 11 часот во саботата, на 29 август и дека видела оти човекот пуши нешто во возот.

Таа се симнала на следната станица, Авенијата Лексингтон, но Рејес излегол по неа и тогаш започнал да ја малтретира и удира на станица полна со луѓе, по што ја соборил на земја.

„Потоа се качил врз жената и се обидел да ја силува, но застанал кога патниците се насобрале околу него“, објави полицијата во Њујорк.

Еден од патниците на станицата започнал да го снима со мобилен телефон и јасно го снимил неговото лице. Во оригиналната снимка, се слуша како девојката вреска од ужас, додека другите патници викаат „бегај од неа“, пишува „Њујорк пост“.

Сепак, многумина корисници на социјалните мрежи го коментираат фактот дека никој од присутните на станицата физички не интервенирал – ниту да го оддели насилникот од несреќната девојка, ниту пак да го задржи до доаѓањето на полицијата. Наместо тоа, Рејес непречено си заминал од станицата.

Во секој случај, снимките секако помогнале полицијата да го идентификува сторителот. Користејќи ја компјутерската програма за идентификување на лица поставена на станицата, полицијата го пронашла Рејес во базата на податоци со фотографии на апсени, бидејќи тој и претходно имал проблеми со законот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата