ЌЕ ТЕ УБИЈАТ, ТИ ТРЕБА БЛИНДИРАНО ВОЗИЛО - Улемек предвидел дека нешто му се спрема на Аркан

7.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЌЕ ТЕ УБИЈАТ, ТИ ТРЕБА БЛИНДИРАНО ВОЗИЛО - Улемек предвидел дека нешто му се спрема на Аркан

Еден од најмоќните луѓе во Србија од крајот на 20 век, Жељко Ражнатовиќ Аркан, беше убиен во хотелот „Интерконтинентал“ на 15 јануари 2000 година.

Поранешниот водач на навивачите на Црвена ѕвезда стана командант на паравоената формација „Арканови тигри“, кои вршеа воени операции за време на војните во 90-тите во Хрватска и Босна и Херцеговина.

Меѓу доверливите луѓе на Аркан беше Михајло Улемек, кому Ражнатовиќ му даде чин на полковник. Иако, неговиот „внук“ Милорад Улемек Легија е многу попознат меѓу луѓето.

Михајло и Жељко беа во искрени пријателски односи, а квалификуваниот возач и земјоделец од Стара Пазова можеше лично да му каже многу работи на моќниот Аркан и тоа без двоумење.

Во емисијата „Без двоумење“, Улемек еднаш рече дека го предвидел убиството на Ражнатовиќ за време на неговата најголема моќ во Белград.

- Нема кому не помагаше. Тој не знаеше дека ќе биде убиен. Во една прилика, го прилагодив неговото возило, тој влезе, а јас му реков: "Не е дотерано како за тебе. Тебе ти треба блиндирано возило. Не можеш ти во овој Белград да возиш така ..." започна Улемек а потоа го цитираше Аркан:

- „Ова е мој град, овој град ме сака“.

Улемек возвратил дека овој град не го сакал Аркан и му објаснил и зошто.

- Тие само ти се пикуваат, , затоа што тие знаат каков си. Води сметка, овој град може да те убие. Како баба Ванѓа, како да знаев, го убија среде Белград. Тој беше убиен од Белград во кој веруваше. Белград не го сакаше. Белграѓани  завидуваа на неговата храброст, дека тој беше фаца, мангуп... Градот Белград му дојде на главата, изјави  Улемек

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата