Жално: Се вериле, ја бакнал својата свршеница па влегол во реката... и не се врати пак

7.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жално: Се вериле, ја бакнал својата свршеница па влегол во реката... и не се врати пак

Трагична приказна доаѓа од Бразил каде што 24-годишно момче загинало само неколку минути се верило со својата девојка.

Жоао Гилхерм Торес Фадини и Лариса Кампос со пријателите сакале да ја официјализираат и прослават свршувачката на браната Итупараранга на реката Сорокаба во Бразил, но таа прослава завршила со трагедија.

Жоао ја бакнал својата свршеница и влегол во реката, но само неколку минути подоцна се удавил.

„Откако ме бакна, тој ја соблече кошулата и скокна во реката со некои други пријатели. Ми рече да го чекам и дека ме сака. Почнаа да се тркаат до другиот брег. Многумина се откажаа, но тој и мојот зет Габриел продолжија – изјавила Лариса.

Според присутните, Жоао во еден момент едноставно само исчезнал под површината. Пријателите се обиделе да го пронајдат и веднаш повикале служби за итни случаи.

Пристигнале и спасувачки служби, а потрагата со чамци и нуркачи завршила час и половина подоцна когаб било пронајдено неговото тело.

Младите имале закажано датум за венчавката, а на 8 септември требало да ја прослават втората годишнина од нивната врска.

„Постојано мислам на него и го сонувам. Сè што ми останува се сеќавања на она што го планиравме и на нашите соништа заедно – вели Лариса.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата