БРЕГОВИЌ НАЈБОГАТ МУЗИЧАР НА БАЛКАНОТ - Ќе ви се заврти во глава од милионите кои ги поседува

6.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БРЕГОВИЌ НАЈБОГАТ МУЗИЧАР НА БАЛКАНОТ - Ќе ви се заврти во глава од милионите кои ги поседува

Според медиумите, музичарот Горан Бреговиќ поседува над 30 куќи, вили, станови и студија во вредност од над 35 милиони евра.

Во Белград, на Сењак, тој поседува две вили заштитени со огромни sидови. Тој всушност изнајмува некои од објектите што од киријата дополнително заработува.

- Горан Бреговиќ може да се пофали дека поседува најмалку 30 недвижности во регионот, и околу 15 во српскиот главен град. На овој начин, Горан ја реши својата иднина но и  на неговите најблиски. Имено, Бреговиќ изнајмува или поголем дел од куќите и становите, а минатата година за своите ќерки купил неколку станови на споменатата локација - открил извор за „Блиц“ во една прилика.

Не е изненадувачки зошто Брега инвестира во недвижен имот, имајќи предвид дека како млад човек започна да го создава и штеди секој динар. Тој вршеше разни работи со цел да може да си обезбеди средства за себе и за своето семејство да можат денес да уживаат.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата